Кина: 19 загинати при уривање на дел од планина во провинцијата Сечуан

19 лица загинаа, пет се полесно повредени, а работниците во блискиот рудник се евакуирани на безбедно место кога дел од планината се урна на државната шумска фарма во Лешан во провинцијата Сечуан во југозападна Кина.

Потрагата и спасувањето заврши во неделата навечер, а истрагата за оваа несреќа е во тек, пишува Global Times.

На местото на настанот се испратени повеќе од 180 спасувачи опремени со 14 специјализирани спасувачки возила.