Коронавирусот се уште е присутен во Кина, таму денеска се регистрирани 3.393 случаи на заразени со коронавирусот. Ова претставува најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година.
Поради зголеменито број на случаи низ целата земја, властите ги затворија училиштата во Шангај и заклучија неколку градови во североисточниот дел на Кина, додека повеќе од десет провинции се борат да ги спречат локалните жаришта.
Во градот Џилин, со околу 4 милиони жители, се спроведува задолжително тестирање поради пријавени над 500 случаи на варијантата Омикрон.
Границите на Кина остануваат затворени.