Кина: Никогаш нема да ја нападнеме Украина, ние сме пријатели

Aмбасадорoт на Кина во Украина потенцираше дека најнаселената земја во светот никогаш нема да ја нападне Украина.

„Кина никогаш нема да ја нападне Украина. Ќе помогнеме, особено економски… во оваа ситуација кога ќе се однесуваме одговорно“ – рече кинескиот амбасадор во Украина – Фан Сианронг.

Според информациите на „Си-Ен-Ен“, тој ова му го кажал на неговиот домаќин Максим Козицки, висок воен функционер од Лавов.

„Кина е пријателска земја на украинскиот народ. Како амбасадор, можам да кажам дека секогаш ќе бидеме сила за доброто на Украина, и економски и политички“ вели тој.