Кина најуспешна по бројот на медали на Параолимписките игри

На последниот ден од Параолимписките игри во Париз се одржаа маратонски трки во сите четири категории, а познат е конечниот пласман на земјите освојувачи на медали.

Најуспешни беа натпреварувачите од Кина со 220 медали од кои 94 златни, 76 сребрени и 50 бронзени медали.

Ваква доминација на спортистите со одредени инвалидитети на големо натпреварување како Париз оваа година речиси и не е забележана.

На второ место по бројот на освоени медали е Велика Британија со 124 медали, од кои 49 златни, 44 сребрени и 31 бронзени.

Трет најдобар резултат постигнаа параолимпијците од САД со 36 златни, 42 сребрени и 27 бронзени за вкупно 105 медали.