Кинески војници ќе заминат за Русија со цел да учествуваат во зедничка воена вежба со руски, но и воени лица од други земји, вклучувајќи ги Индија, Белорусија, Таџикистан, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.
Учеството на Кина во заеднички вежби „не е поврзано со моменталната меѓународна и регионална ситуација“, се наведува во соопштението.
Се истакнува дека вежбите се дел од билатерален годишен договор за соработка.
Изминатите години одржани се слични воени вежби предводени од Русија, каде учествуваше и Кина.
„Целта е да се продлабочи практичната и пријателска соработка со армиите на земјите учеснички, да се подобри нивото на стратешка соработка меѓу учесниците и да се зголеми способноста за одговор на различни безбедносни закани“, пишува во соопштението.