Ким Џонг Ун посети руска фабрика за производство на воени авиони

Ким Џонг Ун пристигна во Комсомолск, на рускиот Далечен Исток, каде посети фабрика за производство на воени авиони, пренесува РИА Новости.

Зелениот оклопен воз со кој Ким отпатува за Русија пристигна на платформата во 8:50 часот по локално време, а Ким и руските претставници се упатија кон фабриката која произведува воени авиони и друга опрема.

Зелениот оклопен воз со кој Ким отпатува за Русија пристигна на платформата во 8:50 часот по локално време, а Ким и руските претставници се упатија кон фабриката која произведува воени авиони и друга опрема.

Севернокорејскиот лидер, придружуван од вицепремиерот и шеф на руското Министерство за индустрија и трговија Денис Мантуров, ги посети фабриките за авиони во Комсомолск на Амур, а го следеше и демонстративниот лет на ловецот Су-35, објави руската влада. .

Во одделот за дизајн, на делегациите им беа прикажани дигиталните технологии кои се користат во производството на современи авиони.

Како што најави Мантуров, Русија гледа потенцијал за соработка со Северна Кореја во областа на производството на авиони, како и други индустрии.

Ким Џонг-ун пристигна во Русија во вторникот. Ова е негова прва посета на таа земја од 2019 година.

Во средата, севернокорејскиот лидер разговараше со рускиот претседател Владимир Путин на космодромот Восточни, а вкупното време на нивната средба, вклучително и заедничката обиколка на космодромот, беше приближно шест часа, според агенцијата РИА Новости.