
Ким нареди „изострување на нуклеарниот штит и меч“
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нареди да се искористат сите ресурси за поддршка на нуклеарната програма со цел да се „изостри нуклеарниот штит и меч“ за да се заштити националниот суверенитет, безбедност и интереси
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нареди да се искористат сите ресурси за поддршка на нуклеарната програма со цел да се „изостри нуклеарниот штит и меч“ за да се заштити националниот суверенитет, безбедност и интереси.
Тој наведе дека главен приоритет за Северна Кореја е поддршката на нуклеарната програма.
Претходно, јужнокорејскиот министер за обединување Чунг Донг-јанг соопшти дека Северна Кореја поседува два тона високо збогатен ураниум од 90 и повеќе отсто.
– Потребно е итно запирање на тој процес. Дури и во овој момент, работат центрифугите за ураниум на четири локации во Северна Кореја, најверојатно акумулирајќи нуклеарен материјал, посочи Чунг.
Тој додаде дека од 10 до 12 килограми ураниум се доволни за да се произведе нуклеарна бомба.
– Во овој момент е невозможно да се убеди Северна Кореја да се откаже од својата програма за нуклеарно оружје преку меѓународни санкции. Обновувањето на разговорите помеѓу Северна Кореја и САД би можело да послужи како пробив во застојот во напорите за денуклеаризација, истакна Чунг.