Километарски редици на бензинските пумпите во Франција

Во Франција поради штрајковите на работниците „пресушија“ многу бензински пумпи, што доведе до создавање километарски колони возила.

За Телеграф Бизнис, белграѓанец кој моментално е во Франција сведочи дека „хаосот“ трае околу 3 недели.

– Почна пред дваесетина дена. Доаѓаш до пумпата, нема бензин. Тоа стана практично секојдневие. На автопатите сè уште може и некако да се најде, но прескапо е. Колоните од возила се во должина од два до три километри. Луѓето стојат на лентата за застанување и чекаат да дојде редот, спремни се и за тепачки, ако некој сака да влезе преку ред – изјави за Телеграф.рс.

Тој додаде дека главно нема дизел, а има пумпи каде што „нема ни бензин ни ништо и дека се е затворено“.