Километарски колони на „Табановце“ и на „Евзони“

Голема гужва од доцна попладнево се создала на граничните премини „Табановце“ и „Евзони“, а не е расчистена ниту во вечерните часови.

Според снимките од надзорните камери, има голема гужва за излез од Србија, а влез во Македонија.

Стотици автомобили со часови стојат заглавени на граничниот премин „Евзони“ во Грција и чекаат излез од земјата.

Дел од патниците на социјалните мрежи реагираат дека колоната нема крај и дека стојат во место повеќе од два часа.

Причина за километарскиот застој кој беше помал дури и за време на летните одмори, засега не е познат.