Дел од граѓаните и нешто повеќе од еден час чекаат на преминот „Богородица“, а и оние што тргнале в зори не успеаја да ја избегнат гужвата за проверка на граница, оти редици автомобили се нижат од 5 ипол часот утрово.
На преминот „Богородица“, се забележува дека сликата за состојбата остана непроменета и во попладневите часови.
Во меѓувреме, дел од граѓаните решија среќата да си ја пробаат од Дојран, па направија блокада на градот.
Градоначалникот Анго Ангов за Канал 5 тв вели дека со часови има трикилометарска колона, а вакво нешто не се памети ниту во „штиц“ на летната сезона. Пола Дојран е заглавен со автомобили, автобуси и камиони.
Туристичките агенции не се фрапирани, велат, јунските аранжмани се продале „како алва“ уште во март.
Во овој период слободни места и понуди има само кон крајот на јули, велат од агенциите
Грција останува на врвот на листата на најбарани и најчести дестинација за одмор на Македонците, а годинава не изостануваат барањата и понудите за Турција, но се почесто во јуни избор за летување се и Египет и Тунис, како поегзотични дестинации.