
Киев: Украинските сили не се опколени во регионот Покровское во Донецк
„Продолжува активното спротивставување на обидите на непријателските пешадиски групи да ги зајакнат своите позиции“, се наведува во соопштението, објави Укринформ.
Генералштабот на вооружените сили на Украина денес објави дека украинските сили не се опколени во регионот Покровск, во Доњецк, на истокот од земјата.
Генералштабот објави на Фејсбук дека одбраната на Покровск продолжува и дека се преземаат мерки за блокирање на руските сили кои се обидуваат да се инфилтрираат и концентрираат во градот Покровск.
„Продолжува активното спротивставување на обидите на непријателските пешадиски групи да ги зајакнат своите позиции“, се наведува во соопштението, објави Укринформ.
Руското Министерство за одбрана, истовремено, денеска објави дека ситуацијата на украинските трупи опколени во Купјанск, Харковскиот регион и Покровск е „критична“ и дека војниците треба да се предадат, бидејќи во спротивно, како што е наведено, „тие немаат шанси за преживување“.
Надлежното министерство изјави дека украинските сили „континуирано трпат значителни загуби“ поради руските напади и напредувања, јавија руските медиуми.
Руската страна ги повика украинските трупи да се предадат и објави дека е подготвена да обезбеди коридори за влегување и излегување на групите, вклучително и прекин на непријателствата од пет до шест часа за странски и украински новинари кои сакаат да ги посетат областите.
Ситуацијата се оценува како „ќорсокак“ за украинските сили во опколените зони.
Руската војска тврди дека сега контролира повеќе од 19 проценти од територијата на Украина, или околу 116.000 квадратни километри.