Киднапиран е уште еден украински градоначалник
„Руските сили го киднапираа градоначалникот на јужниот град Дњепрорудне – Јехвен Метвејев“. Ова го соопшти украинскиот министер за надворешни работи – Дмитриј Кулеба. Тој рече дека Метвеј бил киднапиран од „руски воени злосторници“.
„Напаѓачите не добиваат никаква локална поддршка, па се свртуваат кон терор. Ги повикувам сите држави и меѓународни организации да го запрат рускиот терор врз Украина и демократијата“ – напиша Кулеба на Твитер.
Ова е втор украински градоначалник за кој украинските власти тврдат дека бил киднапиран од руските сили. Во петокот беше киднапиран градоначалникот на Мелитопол – Иван Федоров.
Киднапирањето на Федоров предизвика протести на локалните жители.