
Киднапирана 21-годишна штипјанка: Девојка од Кочани ја грабнала, нападнала и снимала
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 13 септември околу 22:10 часот во Штип, кога осомничената со употреба на сила ја внесла 21-годишната штипјанка во возило управувано од друго женско лице. Двете ја однеле жртвата во една штипска населба, каде физички ја нападнала и притоа го снимала нападот со мобилен телефон.
Полициските службеници од ОВР Кочани вчера уапсиле 28-годишна жена од Кочани, со иницијали Ј.Н., поради сомневање за киднапирање и напад врз млада девојка од Штип.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 13 септември околу 22:10 часот во Штип, кога осомничената со употреба на сила ја внесла 21-годишната штипјанка во возило управувано од друго женско лице. Двете ја однеле жртвата во една штипска населба, каде Ј.Н. физички ја нападнала и притоа го снимала нападот со мобилен телефон.
„На 14.09.2025 во 07:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н.(28) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава… По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.