Киану Ривс се враќа како Нео во „Матрикс“

Warner Bros работи на петти дел од филмскиот серијал „Матрикс“, објави „Холивуд репортер“, повикувајќи се на американското филмско студио.

Задачата за создавање на филмот му беше доверена на режисерот и сценарист Дру Годард, кој на Warner Bros им предложи нова и уникатна идеја за проширување на франшизата.

Една од креаторите на претходните делови – Лана Вашовски, ќе биде извршен продуцент. Детали за заплетот и имињата на актерите кои ќе учествуваат на снимањето се уште не се соопштени.

„Матрикс“ (1999) – првиот дел од научно-фантастичната серија во режија на Лана и Лили Вачовски, беше награден со четири награди Оскар.

Потоа, беа снимени три продолженија: The Matrix Reloaded (2003), The Matrix Revolutions (2003), The Matrix Resurrections (2021).