Кејт Мидлтон ќе се појави во финалето на Вимблдон

Кејт Мидлтон, британската принцеза од Велс, ќе присуствува на финалето во машка конкуренција на Вимблдон кое ќе се игра утре, соопшти нејзината канцеларија денеска, одбележувајќи го нејзиниот втор јавен настап откако имаше операцијата пред шест месеци поради присуство на рак.

42-годишната принцеза, која е на превентивна хемотерапија, е страствен тениски навивач и покровител на Ол Ингланд клубот за тенис и крокети Вимблдон, кој е домаќин на годишниот тениски турнир.

Кејт и нејзиниот сопруг, престолонаследникот Вилијам, исто така објавија порака на социјалните мрежи денеска до неговата тетка, принцезата Ана, која се врати на службените должности во петокот помалку од три недели откако беше лекувана од потрес на мозокот од повреда на главата, повреда што се верува да била било предизвикана од пад од коњ.

Ана (73) е помладата сестра на кралот Чарлс.

Кејт се врати на јавните обврски во јуни на Trooping the Colour, годишната воена парада по повод официјалниот роденден на Чарлс, и рече дека се надева дека ќе присуствува на други настани во текот на летото.

– Добро напредувам, но како што знаат сите што се подложуваат на хемотерапија, има добри и лоши денови – изјавила таа во личната писмена порака пред минатомесечното појавување.

– Моето лекување е во тек и ќе трае уште неколку месеци – напишала принцезата, често позната по моминското презиме Кејт Мидлтон.

Нејзината канцеларија, Кенсингтонската палата, одби да даде конкретни детали за видот на ракот или нејзината здравствена состојба, освен да каже дека лекувањето започнало во февруари.

Чарлс (75) исто така е на лекување од рак. Тој се врати на јавните обврски во април и остана зафатен, иако неговиот распоред е ограничен за да се минимизираат ризиците за неговото закрепнување, пренесува Ројтерс.