Принцезата од Велс – Кејт Мидлтон се сретна со Олена Зеленска во Бакингемската палата, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред утрешниот погреб на кралицата.
Зеленска на погребот ќе го застапува нејзиниот сопруг, кој не можеше да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата.
Кејт на состанокот со Олена носела бисерна нараквица, која некогаш и припаѓала на принцезата Дијана.
Принцезата Дијана ја носела истата нараквица додека била на турнеја во Хонг Конг со нејзиниот тогашен сопруг, принцот Чарлс.
Нараквицата му била предадена на принцот Вилијам по смртта на Дијана, а тој подоцна и ја подарил на Кејт.
Кејт ја носеше бисерната нараквица неколку пати во изминатите неколку дена, а последен пат на ручек одржан за генералните гувернери на Комонвелтот во Бакингемската палата.