Кенсингтонската палата по налог на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, испрати белешки со благодарност до членовите на јавноста кои испратија пораки до принцезата од Велс додека таа е на хемотерапија молејќи се за нејзиното здравје.
Како што јавноста дозна за здравствените борби на принцезата, другите членови на кралското семејство кои се вклучија добија картички и белешки што и ги предадоа на Кејт.
Една жена добила писмо од Палатата во саботата како одговор на испратената честитка до принцезата откако слушнала дека имала операција на абдоменот во јануари.
Кратката белешка која е испечатена на картичка гласи:
– Ви благодариме за добрите желби до нејзиното кралско височество принцезата од Велс. Вашиот внимателен гест е многу ценет – стои во текстот, а споменатата се огласи на социјалната мрежа „Х“ и ги откри деталите.
Палатата обично испраќа честитки за специјални прилики како родендени и Божиќ, кога добиваат пораки од кралските обожаватели.
Да потсетиме, Кејт на крајот на март преку емотивна видео порака му соопшти на светот дека е во рана фаза на лекување по дијагнозата рак и дека семејството минува низ многу тежок период, но деталите не беа објавени.
Принцезата се повлече од јавноста и не се појави по операцијата на стомакот, а низ светот, но и во Велика Британија кружат разни теории на заговор за нејзиното здравје.