Кејт Мидлтон (42) ја одржа својата прва официјална средба по повеќе од девет месеци пауза поради здравствени проблеми, пишува Дејли Мејл.
Принцезата од Велс им се врати на работните обврски.
Во замокот Виндзор, Кејт организираше состанок за да разговара за нејзиниот проект за ран детски развој.
Кејт во март објави дека и бил дијагностициран рак по операција на абдоменот и дека ќе мора да оди на превентивна хемотерапија.
Таа неодамна ја сподели веста дека завршила со хемотерапија.
„Како што летото се приближува кон крајот, не можам да ви кажам колку ми олесна што конечно завршив со хемотерапијата. Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот каков што знаете може да се промени во еден момент и моравме да најдеме начин да ги пребродиме бурните води и непознатиот пат“, објави таа на Инстаграм.