Кејт Мари Брнз: САД отсекогаш го поддржувале пристапувањето на С. Македонија во ЕУ

„Кога се работи за пристапувањето во ЕУ тоа е разговор кој треба да го водат Северна Македонија и Унијата, а Вашингтон отсекогаш го поддржувал пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ“. Ова меѓудругото во интервју за МИА го изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

„Нашата позиција е многу јасна, нашата оценка е дека предлогот го штити интересот на Северна Македонија во пристапниот процес. Тоа е наше и мислење на нашите експерти. Билатералниот протокол за кој говорите, до некаде изгледа дека е споен во овие два процеса. Билатерален договор меѓу Скопје и Софија треба да има. Слушнавме како некои нешта се нафрлаат. Мислам дека ова е дел од забуната, тоа што напоменавте дека јавноста не е сигурна какви ќе бидат тие дискусии. Ќе има посебни дискусии, и мислиме дека тие прашања треба да бидат решени на билатерална основа и тоа го кажавме уште на почетокот. Секако не само за влезот во ЕУ, туку и за вашата долгорачна стабилност важно е тие прашања да се решат“ – истакна Брнз.

Во интервјуто таа се осврнува на протестите во Скопје, на загриженоста дека со предлогот се задира во идентитетот и историјата, на предлогот на Едвард Џозеф, кој сугерираше дека ако европскиот предлог го признава македонскот јазик и идентитет, САД треба да ги поткрепат своите добри намери со правење на истото – да го признаат македонскиот јазик и идентитет.

„Амбасадор во земјава сум веќе три години и дел од мојот мандат е поддршка на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Се изоди тежок пат со пристапувањето во НАТО, и следниот стратешки чекор за земјата е членство во ЕУ. Многу сме задоволни од тоа што веќе подолго време ЕУ истакнува дека Северна Македонија е спремна да пристапи. Како и многу државјани на Северна Македонија, и САД исто така очекуваа процесот конечно да започне. Тоа што го видовме преку дипломатски ангажмани во изминатите месеци меѓу Брисел и Северна Македонија, како и меѓу други земји членки, е дека имаше прогрес во изнаоѓање на решенија и одење напред. Секогаш сме истакнувале дека билатералните прашања треба да бидат решавани надвор од преговарачката рамка. Нашата позиција е многу јасна, нашата оценка е дека предлогот го штити интересот на Северна Македонија во пристапниот процес. Тоа е наше и мислење на нашите експерти. Билатералниот протокол за кој говорите, до некаде изгледа дека е споен во овие два процеса. Билатерален договор меѓу Скопје и Софија треба да има. Слушнавме како некои нешта се нафрлаат. Мислам дека ова е дел од забуната, тоа што напоменавте дека јавноста не е сигурна какви ќе бидат тие дискусии. Ќе има посебни дискусии, и мислиме дека тие прашања треба да бидат решени на билатерална основа и тоа го кажавме уште на почетокот. Секако не само за влезот во ЕУ, туку и за вашата долгорачна стабилност важно е тие прашања да се решат“ вели Брнз.

Таа напомена дека „билатералата не е единствена авенија со која соработуваме со Северна Македонија. Тука исто така се односите по НАТО, што се посебно значајни за нас. Неодамна започнавме да ја поддржуваме и иницијативата Отворен Балкан, и каква улога САД можат да имаат во неа. Она што го сакаме е четвриот столб од сето ова, е да го поддржиме пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, затоа што тоа е важен столб, и не сакаме можноста да биде пропуштена“.

Брнз истакнува дека „е важно луѓето да разберат дека не, кога се работи за пристапувањето во ЕУ, тоа е разговор кој треба да го водат Северна Македонија и ЕУ. Немаме место на таа маса. Но САД имаат интерес во тоа вие да добите место на таа преговарачка маса и да го искажате тоа што е важно за Северна Македоннија на почетокот на процесот. Тоа е причинита што ние излеговме да кажеме, додека има можност да седнете на масата ние се надевам дека ќе размислите за оваа можност. Затоа што ова го сметаме за важен дел од тоа демократско и евроатлантско патување. Мислам дека ова е патеката со која ќе ја осигурате не само вашата иднина во ЕУ, туку и вашата македонска иднина. Бидејќи предлогот всушност го дава признавањето на македонскот јазик и идентитет, конечно, она што го баравте одамна. Да не напоменувам и за придобивките што доаѓаат со почетокот на пристапниот процес“.