Кејт Винслет ги нарече „апсурдни“ секс сцените во „Режим“
Иако засекогаш ќе остане запаметена како Роуз од Титаник, кариерата на Кејт Винслет е далеку од завршување со оваа улога. Нејзината последна инкарнација е онаа на моќна канцеларка на измислена европска земја во серијата „Режимот“ на HBO MAX.
Не може да се негира дека таа е дефинитивно добра во командувањето и во тоа да биде моќна и секси дама. Но, освен што го прави тоа, ја видовме и во страсни сцени со војник со кој е во љубовна врска. Во негова улога влегува нејзиниот колега Матијас Шенертс.
Во неодамнешното интервју за „Тајмс“, Кејт Винслет ги коментираше жешките сцени со нивното учество и, можеби за многумина изненадувачки, ги нарече „апсурдни“. Таа признава дека не само тие двајца, туку и сите во екипата толку многу се забавувале за време на нивното снимање што дури и шминкерот и снимателот морале да го напуштат сетот бидејќи не можеле да престанат да се смеат.
„Тоа е сатира“, вели актерката. „Ништо нема смисла и е толку апсурдно што можеш да пукнеш од смеење“, продолжува таа со објаснувањата.
Па, не беше сè шеги и мајтап. Во еден момент секс сцените станаа насилни и таа дури мораше да го потсетува партнерот на екранот да не ја гризе.
Кејт Винслет, исто така, објаснува дека на сетот имало специјалисти кои се занимавале со сложеноста на снимањето на такви интимни сцени, но кај Шенертс не им била особено потребна нивната интервенција, бидејќи тие претходно имале слични улоги и изградиле силна врска меѓу себе што им помогнало полесно да постигнат резултат.
Актерката не крие дека била многу среќна кога и била понудена главната улога во „Режимот“ бидејќи директно го поврзува сценариото со еманципацијата на жената во последните години и фактот дека се повеќе жени се на лидерски позиции, што таа смета дека е одлично.
Па, сигурно и самата Кејт Винслет е една од оние жени кои не можат да останат незабележани со се што прават.