Кешишов: Палчо ме натера да ја напишам изјавата

Обвинетиот Влатко Кешишов, денеска ја смени писмената изјава дека Љупчо Палевски во деновите на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски бил во патријата „Десна“ кадешто спиел. Сега вели дека Палчо го натерал да ја напише, да биде со негов ракопис, а тоа го направил затоа што се плашел.

На денешното рочиште обвинетиот Влатко Кешишев  кој на писмено напиша изјава дека Палевски не е убиец, денеска рече дека Палчо на сила го натерал да ја препише и да ја потпише изјавата. Му ја дал на лист, додека се возеле во транспортното комбе од затворот до судот. Му рекол да ја препише да ја потпише и да ја предаде преку судската полиција до судот.

На прашање на судијата зошто го послушал, Кешишев одговори од страв. Судот му предочи ако има притисоци да го извести судот.

Во изјавата, која судијата ја подели на минатото рочиште на сите, се тврдеше дека Палевски ниту на 22 ноември ниту на 27 ноември, кога се случија грабнувањата и убиствата не бил со останатите обвинети, туку спиел во штабот на партијата „Десна“. Пишуваше и дека Боре Видевски и Велибор Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје и дека Манев му вршел притисок да изјави дека Палевски е органзатор и извшител на убиствата.

Извор: Независен