Кенеди: Ја одбив понудата на емисарите на Трамп да бидам негов потпретседател

Независниот кандидат за американски претседател Роберт Кенеди Џуниор денеска соопшти дека ја одбил понудата на соработник на републиканскиот кандидат Доналд Трамп да биде негов кандидат за потпретседател.

„Претседателот Трамп ме нарекува ултралевичарски радикал. Толку сум либерален што неговите емисари ме замолија да бидам негов потпретседател. Јас учтиво ја одбив понудата“, сподели Кенеди на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека е против Трамп, и дека, според него, актуелниот претседател Џозеф Бајден не може да победи на изборите.