КЕМЕТ електроникс отвора нова производствена хала во ТИРЗ Скопје 1

Компанијата КЕМЕТ електроникс Македонија денеска ќе отвори нова производствена хала и ќе организира Семеен ден за вработените.

КЕМЕТ eлектроникс Македонија 12 години работи на производство на електронски компоненти во земјава. Лоцирана е во ТИРЗ Скопје 1.

Од лани компанијата почна со изградба на нов објект заради проширување на производствените капацитети со што, најавува, ќе се отворат и дополнителни работни места.