
Келог: Мировниот договор за Украина е „на последните 10 метри“
Американскиот преговарач Кит Келог, кој треба да ја напушти функцијата во јануари, на Националниот одбранбен форум на Реган оцени дека процесот на разговори е во завршна фаза, нагласувајќи дека последните чекори се најпредизвикувачки.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина оцени дека мировниот договор за ставање крај на војната е „навистина близу“ до финализирање. Тој посочи дека процесот е стопиран само поради две клучни нерешени прашања – статусот на регионот Донбас и идното управување со нуклеарната електрана во Запорожје.
Американскиот преговарач Кит Келог, кој треба да ја напушти функцијата во јануари, на Националниот одбранбен форум на Реган оцени дека процесот на разговори е во завршна фаза, нагласувајќи дека последните чекори се најпредизвикувачки.
-Речиси сме на целта. Навистина сме многу, многу блиску – рече тој, додавајќи дека мировниот договор е во „последните 10 метри“.
Келог посочи дека отворените прашања се однесуваат на тоа како ќе се регулира идниот статус на Донбас и кој ќе ја контролира нуклеарната централа Запорожје, најголемиот објект од овој тип во Европа, кој моментално е под руска управа.
-Ако ги решиме тие два проблема, мислам дека остатокот од работите ќе се реши прилично добро – истакна тој.
Еден од почетните американски предлози предвидува централата во Запорожје, чијашто работа е стопирана и реакторите се во ладен режим, да биде повторно активирана под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија, а произведената електрична енергија да се дели подеднакво меѓу Русија и Украина.