
Кафулето каде беше уапсен Аца Лукас демантира: „Во објектот имаше 400 гости што беше уредно пријавено и беа обезбедени сите услови за работа“
Кафулето во кое настапуваше Аца Лукас, каде што беше уапсен, го демантираат градоначалникот Митко Јанчев за пропустите од страна на УЈП, ДПИ, Инспекторат за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци.
Кафулето во кое настапуваше Аца Лукас, каде што беше уапсен, го демантираат градоначалникот Митко Јанчев за пропустите од страна на УЈП, ДПИ, Инспекторат за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци.
„Во врска со изјавата на градоначалникот д.р. Митко Јанчев како и на некои објави на портали за утврдени пропусти од страна на УЈП, ДПИ, Инспекторат за работа со странци, МВР и Општина Кавадарци.
Го доставувам овој демант и остро ги демантирам сите изјави и пишувања.
Од моја страна како сопственик на Рома кафе сметам дека не е сторено ниту едно пркршочно дело наведено од градоначалникот и медиумите.
Објектот за настанот беше издаден под наем и целата правна обврска и одговорност при инспекцискиот надзор е на тој правен субјект поткрепено со писмен договор.
Аца Лукас имал валиден влез и запазен престој (со што е потврдено од судијата во основниот суд во Кавадарци).
Настапот беше наменет за промоција на негова сопствена крипто валута. Тротоарот за кој имавме барање до општината за користење беше одбиено и истиот не се користеше во врска со настанот. Инспекторите од УЈП и ДПИ при извршената контрола ке поднесат соодветни поднесоци за дел од констатирани неправилности спрема правниот субјект
Рома кафе во насока со законските прописи и насоките од градоначалникот поднесе до Општина Кавадарци, Противпожарна единица, ЈЗУ Општа болница и до Полициска станица – Кавадарци. Во барањата е образложен целиот настан и нивна присутност поради поголем број на посетители (за кое имам писмен доказ). После пријавувањето за настанот добивме напатствија од надлежните институции како да настапиме на денот на настанот и истите беа исполнети од наша страна.
Не се точни изјавите дека имало загрозување на безбедноста од причини што после приведувањето во 00:10ч на Аца Лукас, Рома кафе продолжи со работа до 01:00ч, што значи дека Рома кафе ги исполнувала сите потребни безбеднони услови и излези од објектот, и нема изречено казна. Исто така не е точно дека во објектот имало 700 гости, тоа се паушални изјави од луѓе кои не биле присутни. Во објектот имаше 400 гости што беше уредно пријавено и беа обезбедени сите услови за работа. Доколку немало услови за работа, надлежните институции пред започнување на настанот можеле да не известат дека не се исполнети условите во целост, затоа што 7 дена претходно сите беа уредно известени.
Како сопственик на Рома кафе најмалку сакам да се случи некаков немил настан затоа секогаш работиме по највисоки стандарди.
Рома кафе продолжува со работа и понатаму во согласност со позитивните законски прописи, норми и дозволи кхаки и до сега а за тоа е и доказ 21 годишно постоење“, се вели во соопштението на Рома Кафе до медиумите.