Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

„Осуденичката Јанева доби условен отпуст и таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека 7-годишната казна целосно не ѝ истече“, изјавил директорот на затворот „Идризово“ – Зоран Јовановски.

Екс специјалната обвинителка – Катица Јанева, која е осудена на 7 години затвор, од кои веќе 4 години е во КПУ „Идризово“, на почетокот на неделата си замина дома, го напушти затворот, објави „СДК.мк“.

„Осуденичката Јанева доби условен отпуст и таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека 7-годишната казна целосно не ѝ истече“, изјавил директорот на затворот „Идризово“ – Зоран Јовановски.

Во јули 2021 година Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди 7-годишната затворска казна на Јанева, во која се пресметува и времето поминато во притвор од над 1 година.

Јанева беше осудена за земање мито од наводно неколку илјади евра, кои никогаш јасно не се докажаа.

По апсењето на Јанева, СЈО се затвори.