Катица Јанева – екс-шефицата на СЈО новогодишните празници ги минува дома, со своето семејство, пишува „А1он“.
Според нивните информации, таа од затворот „Идризово“ каде одлежува казна за „Рекет“ во петокот заминала дома, а денеска ќе треба да се врати зад решетки.
Адвокатката на Јанева – Ирена Фрчкоска ги потврдила информациите и додала дека таа користи привилегии поради што одлежала една третина од казната затвор.
„Исполнува услови за добивање на викенд. Мислам дека е ова прв викенд кој може да го користи“ – изјави Фрчкоска за „А1он“.
Инаку, Катица Јанева во затворот во Идризово е нешто повеќе од пет месеци, кога од домашен притвор беше спроведена на издржување на затворската казна.
Таа е осудена на 7 години затвор во случајот „Рекет“ во кој осудени беа и Бојан Јовановски на казна затвор од 9 години, како и Зоран Милевски-Кичеец на казна затвор од 3 години.
Обвинителство Јанева ја товареше за злоупотреба на службената положба и овластување.