„Катимерини“: Две фрегати во борбата со нелегалната миграција кај Крит
Поради зголемениот број мигранти јужно од грчките острови Крит и Гавдос, кои пристигнуваат од Либија, официјална Атина во конкретната морска област на границите со либиските територијални води ќе испрати бродови на воената морнарица, односно две фрегати, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според весникот, од почетокот на месецов на Крит пристигнале 2.550 бегалци и мигранти, бројка што е особено висока со оглед на тоа што во текот на целата година лани, на островот биле регистрирани 4.935 нелегални пристигнувања.
Конкретното прашање беше една од темите на вчерашната средба на грчкиот премиер со претседателот на државата, а Мицотакис посочи дека зголемените нелегални мигрантски бранови е „појава што предизвикува значителна загриженост“.
Додаде дека на состанокот на владиниот советот за национална безбедност во неделата, побарал од министерот за одбрана и раководството на вооружените сили, бродови на грчката воена морнарица, превентивно да се испратат во близина на територијалните води на Либија, со цел да се испрати порака дека нема криумчарите да одлучуваат кој ќе влезе во земјата.
Извори од Министерството за национална одбрана на Грција за „Катимерини“ посочиле дека зголемувањето на бранови од Либија не е нешто што е привремено, туку веќе е активна рута за нелегалните пристигнувања.