
Новинарката Катерина Цаневска ќе биде носителка на листата на советници во Град Скопје како независен кандидат поддржан од СДСМ, дознава „Скопје1“.
Официјална потврда на одлуката се очекува од партиските тела и претседателот Венко Филипче. Кандидат за градоначалник на СДСМ во Скопје, е Каја Шукова.
Цаневска беше долгогодишен новинар во МРТВ и А1 телевизија, а потоа работеше како одговорна за односи со јавност и правни работи во Општина Центар, Собрание и кај претседателот Стево Пендаровски.