Каталин Новак – нов претседател на Унгарија

Парламентот во Унгарија денеска ја избра Каталин Новак (44) од владејачката Фидес за нов шеф на државата. Таа стана првата жена избрана на таа функција во историјата на Унгарија.

Новак е избрана за петгодишен мандат, откако на парламентарното гласање го победи економистот Питер Рон. Таа досега ја извршуваше функцијата министер без ресор задолжен за семејни прашања. Функцијата ќе ја преземе од актуелниот претседател Јанош Адер, на кој му завршува вториот претседателски мандат.

Новак освои 137 гласа, врз основа на резултатите објавени на веб-страницата на Парламентот, додека кандидатот на опозицијата Петер Рон доби 51 глас.