Градоначалникот на Тетово, Билал Касами на денешната прес-конференција рече дека надлежните служби ја следат состојбата на критичните точки во градот и ги расчистуваат наносите од вчерашното невреме.
Тој вели дека градските власти се подготвуваат за уште едно невреме кое што, според метеоролозите, би можело да се очекува денеска попладне.
„Денеска на Локалниот кризен штаб донесовме некои заклучоци, во делот на следење на ситуацијата, затоа што и за денеска е најавено дека во попладневните часови може да има обилни врнежи. На критичните точки интервенираме да се чистат каналите и сите наноси од земја. Кризниот штаб е во постојано заседавање“ – рече Касами.