Касами: Продолжува трансформацијата на Тетово, нов изглед на улиците во населба Поток

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами од населбата Поток порача дека продолжува трансформацијата на градот со обнова на нови улици.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами од населбата Поток порача дека продолжува трансформацијата на градот со обнова на нови улици.

-Денес сме на улицата „Поточка“, која заедно со улицата „134“ и улицата „Прохор Пчински“, кои беа целосно асфалтирани според современи стандарди. Изградивме нова современа улица со должина од речиси километар, асфалтирање од околу 5.000 м2. Со инвестиција од околу 200 илјади евра, или околу 12 милиони денари, ја трансформиравме оваа населба во близина на градинката кај Поточка, давајќи ѝ европски изглед, истакна Касами.

Тој рече дека имал голема поддршка на 19 октомври и дека Тетово докажа дека ја цени работата и сака овој развој да продолжи.

-Тетово ја заслужува оваа трансформација. Тетово заслужува модерни патишта, училишта, градинки, базени и сите услови за функционален, чист и модерен град. Добрите дела за Тетово мора да продолжат уште повеќе, уште подобро, уште посилно со второто поглавје за развој, рече Касами.