Касами: Не се работи за никаков „главен град“, туку за „центар“ на Албанците во Македонија

Градоначалникот на Тетово и лидер на БЕСА, Билал Касами, за „Макфакс“ изјави дека во објавата на социјалните мрежи не напишал дека Тетово е „главен град“ туку „центар“ на Албанците во Македонија.

Но, нема негов став за низа прашања, меѓу кои и дали е свесен дека со објавата поттикна меѓуетнички тензии.

Тој не кажа ниту дали смета дека истата треба да ја избрише, за да спречи лавина негативни реакции.

„Не се работи за никаков ‘главен град’, туку за ‘центар’ на Албанците во Македонија. Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме. Тоа е реалноста, а тие што сакаат да ја злоупотребат, се обидуваат да дадат друга насока“, вели Касами.