Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска објави дека за една година откако е на функцијата, Општина Тетово успеала да го намали за 3 милиони евра наследениот долг кој изнесувал 24 милиони евра. „Имајќи предвид дека воедно влеговме во инфраструктурни проекти, нето долгот е намален за еден милион евра“, рече градоначалникот.
Касами рече дека од претходната локална власт раководена од Теута Арифи општината наследила „хаос, куп проблеми, блокирана сметка и 24 милиони евра долг, несметајќи ги казнените камати за долговите“ и додаде дека само на име на таа казнена камата годинава извршителите од општината изнудиле близу 1 милион евра. Тој нагласи дека по преземањето на власта го објавил наследениот долг затоа што граѓаните, рече, имаат право да знаат каде се трошат нивните пари.
„Последиците од недомаќинското раководење на поранешната локална власт со општина Тетово спречија да реализираме повеќе проекти кои ги планиравме. Тука се и тековните притисоци и опструкции од централната власт, која не ни одговори позитивно на ниту еден повик за помош. Но, и покрај сѐ, нашата упорност и работа даваат резултати. Денеска имаме општина со вратен дел од долгот и со многу нови проекти“, рече Касами.
Тој потоа нагласи дека енергетската криза и цената на струјата за една година, на општината и наметнала обврски за 60 милиони денари повеќе во однос на претходната година, односно100 милиони денари за периодот од ланскиот октомври па до крајот на септември годинава.
„Оваа состојба уште повеќе ја влошува политичката и незаконска одлука на Владата на штета на граѓаните и локалната власт, која не смее да основа јавни претпријатија за стопанисување со електрична енергија.