Касами: Има тенденции да се навлезе во реторкиката на ДУИ, повикувам да се вратат на локалните теми

Има тенденции на овие избори да се навлезе во реториката на ДУИ за да се покренат теми кои се од меѓуетничкиот дискурс. Повикувам сите експоненти да се вратат на локалните избори, да се вратат на локалните теми, се работи за проблеми кои се од реалниот живот на граѓаните. На локалните избори треба да понудиме решенија и реализација на проекти кои ги решаваат проблемите на сите граѓани, изјави градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами на новинарско прашање.

Има тенденции на овие избори да се навлезе во реториката на ДУИ за да се покренат теми кои се од меѓуетничкиот дискурс. Повикувам сите експоненти да се вратат на локалните избори, да се вратат на локалните теми, се работи за проблеми кои се од реалниот живот на граѓаните.

На локалните избори треба да понудиме решенија и реализација на проекти кои ги решаваат проблемите на сите граѓани, изјави градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами на новинарско прашање.

Тој воедно истакна дека како градоначалник се залага да има инвестиции во сите населби во неговата општина, па смета дека е затоа нападнат.

-Затоа, имајќи предвид дека ја имам поддршката на сите граѓани без разлика, ДУИ се фаќа на етнички, националистички теми и тоа се гледа дека е тенденција на овие избори. Затоа ги повикуваме да се вратат на локалните теми, да понудат програма и решавање на реалните проблеми на граѓаните во Тетово, а кога ќе дојдат парламентарните избори, тогаш ќе збориме за национални теми, рече  Касами.

На новинарско прашање околу темата за прислушкување, Касами рече дека кога биле во oпозиција, имале дојави дека и нив ги прислушкувале како партија.

-Имаше чувство дека некој не следи затоа што во некои моменти излегуваа информации кои не беа дел од јавноста. Повикуваме сите институции да делуваат во овој случај, без разлика за кој станува збор, затоа што ако до вчера се прислушуваа експоненти на опозицијата, тоа може да им се случи денеска исто така на експонентите кои до вчера беа дел од власта. Институциите треба да делуваат за да се запре еднаш засекогаш оваа состојба, рече Касами кој денеска го промовираше проектот за водовод во населбата 146 во Тетово.