Касами: Една изборна единица е комплексно прашање, ќе изградиме став и ќе дадеме образложение
Претседателот на Движење Беса и тетовски градоначалник Биљал Касами смета дека е комплексно прашање дали при парламентарни избори треба да има една наместо шест изборни единици. Во рамки на коалицијата „Вреди“ сè уште немаат формирано став за ова прашање, но Касами со најава дека тоа ќе се направи по што ќе дадат и образложение.

– Ова е едно комплексно прашање. Не е едноставно да се произнесеме сè уште во рамките на „Вреди“ се формира како став за тоа што посебните партиите дел на „Вреди“ во минатото, имале свои ставови дали за една, дали за три или за осум изборни единици, но на крај на денот треба да имаме предвид дека секоја промена на изборниот законик и реорганизација на нели изборните единици треба да пазиме да нема етнички реперкусии. Затоа ние кога ќе изградиме заеднички став, тоа ќе го објасниме и ќе дадеме и наши образложение зашто стоиме одзади тој став, истакна Касами денеска во Тетово.
Тој како градоначалник беше на пуштање во употреба на спортски терени во основно училиште кои се реконструираа со донација на две фирми.