
Карол Межеван, нова директорка на Светска банка за Косово и Северна Македонија
Светската банка ја назначи Карол Межеван за нова директорка за Косово и Северна Македонија, започнувајќи од 1 јули годинава. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Масимилијано Паолучи, кој замина на нова функција во соседна Албанија.
Светската банка ја назначи Карол Межеван за нова директорка за Косово и Северна Македонија, започнувајќи од 1 јули годинава. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Масимилијано Паолучи, кој замина на нова функција во соседна Албанија.
Межеван ќе го предводи ангажманот на Светска банка во Косово и Северна Македонија, во спроведување на Рамките за партнерство со земјите. Овие рамки ги поддржуваат двете економии во нивните напори да создадат попродуктивни работни места, да го подобрат квалитетот на јавните услуги и да го поттикнат развојот на човечкиот капитал, со крајна цел забрзување на одржлив раст и приближување до нивоата на приходи во Европската унија.
– Чест ми е што ја преземам улогата на директорка на Светска банка за Косово и Северна Македонија и што имам привилегија да им служам на луѓето, истакна Межеван, додавајќи дека Развојната агенда за овие две земји е јасна да им се обезбедат на луѓето можности за работа и продуктивно да се придонесе за економиите да можат да растат и да напредуваат во корист на општествата.
Межеван е Французинка која има повеќе од две децении искуство во Светската банка, на која ѝ се придружи во 2002 година. Има водено сложени операции ширум Африка, Латинска Америка и Северна Африка, со силен фокус на меѓусекторски развој и управување. Неодамна, таа била раководител на програмата Планета во регионот Магреб, со седиште во Рабат, Мароко. Има две магистерски дипломи, една по земјоделска економија и друга по економија на животна средина/природни ресурси.