Каролина Бjелавска е новата Мис на свет
Новата Мис на светот за 2021 е Каролина Бjелавска од Полска. Таа победи на 70. издание на престижниот избор.
Прва придружничка Мис на Северна и Јужна Америка е Шри Саини, од САД, а втора придружничка е Мис Африка, Оливија Јејс, од Брегот на Слоновата Коска.
„Мис на светот 2021“ се одржа во Музичката сала „Кока-кола“ во Сан Хуан, Порторико. Натпреварот, првично бил закажан за крајот на 2020 година, но одложен поради корона-пандемијата.
Мис Европа е Ана Лич од Северна Ирска, Мис на Азија и Океанија е Карла Јулес, а Мис Кариби е Порториканката – Арјам Дијаз.