
Кармело Ентони и Двајт Хауард примени во Куќата на славните
Двајцата НБА играчи беа дел од американскиот тим на Олимписките игри во Пекинг 2008, кога беа дојдени „по одмазда“ за освоениот бронзен медал на Игрите во Атина четири години претходно.
Кошаркарските легенди Кармело Ентони и Двајт Хауард и официјално се во „Куќата на славните“. Чинот на нивниот прием се одржа на свечена церемонија во Спрингфилд.
Двајцата НБА играчи беа дел од американскиот тим на Олимписките игри во Пекинг 2008, кога беа дојдени „по одмазда“ за освоениот бронзен медал на Игрите во Атина четири години претходно.
На листата за оваа година се најдоа уште: Маја Мур, Силвија Фаулс и Сју Бирд, НБА судијата Дени Крафорд, како и тренерот на Чикаго Булс Били Донован и сопственикот на Мајами Хит Мики Арисон.
На церемонијата присуствуваше и Леброн Џејмс.