Карим Бензема бесен што наградата на ФИФА отиде кај Меси

Карим Бензема на својот Инстаграм профил ја сподели својата статистика и признанија од претходната сезона и на тој начин го изрази своето незадоволство од одлуките на ФИФА, бидејќи Лионел Меси ги освојува сите награди.

Централниот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема е незадоволен од изборот на ФИФА за најдобар играч во 2022 година. Во игра за наградата „THE BEST“ беа и Килијан Мбапе и Лионел Меси.

Францускиот напаѓач и член на Реал Мадрид минатата сезона ја освои Златната топка за најдобар играч во Европа и бројни други награди.

По неверојатната минатата сезона, првата ѕвезда на Реал очекуваше да го добие ова ласкаво признание кое сепак му припадна на Аргентинецот.

Бензема минатата сезона со Реал ја освои Лигата на шампионите и таа сезона беше најдобар стрелец. Во сезоната 2020/2021 ја освои Лигата на нации со француската репрезентација, а годинава не беше дел од тимот на Светското првенство.

Кандидат за наградата на ФИФА беше и финалистот од Светското првенство, Килијан Мбапе, кој по церемонијата му честиташе на својот соиграч.

На последното Светско првенство Бензема се најде во центарот на вниманието затоа што не играше на истото, за што го обвини селекторот Дидие Дешамп. Тој беше исфрлен од ростерот поради повреда и немаше опција да отпатува за Катар дури и кога се опорави, што го налути Карим и тој повторно ја затвори вратата на репрезентацијата.

Потсетуваме, Франција стана шампион во Русија во 2018 година без него во составот и со Оливие Жиру како прва опција.