Кардиологот Кедев се повлече од советот на Алиу

Извори од министерството за Канал 5 потврдуваат дека во оставката наведена како причина за повлекувањето е застојот во започнатите контролни процеси по откривањето на скандалот со кардиоваскуларните операции каде се правеле тешки и скапи интервенции на пациенти на кои не требало да се направат.

Засега нема потврда дали и кога ќе почнат со работа комисијата со странски експерти за откривање на овој скандал.

Исто така реакција од дел од комисијата оформена од министерството за здравство е тоа што во контролните процеси не се вклучени компетентни кадри со докажан стручен и професионален кредибилитет а поставени биле доктори интернисти и доктори од судска медицина.

Скандалот со непотребно направени интервенции во приватните болници го потврди кардиологот Сашко Кедев кој во интервју објасни дека кај пациенти кои биле на контрола било увидено дека не им била потребна тешка интервенција во приватна болница за што било потрошено голема сума на пари од Фондот за здравство. Министерот за здравство не ја потврди причината за повлекувањето на кардиологот Кедев.