
Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ стравува за својот живот во британскиот затвор „Вајт“. Нему му е забрането да има контакт со семејството, не добива лекови или соодветна храна и започна штрајк со глад.
„Веќе нема да молчам и да мислам што ќе им текне понатаму ако зборувам, бидејќи не можат ништо повеќе од тоа што ми го прават сега, единствено што им останува е да ме убијат! Не ми даваат ни перница“ – изјави Караџиќ.
Караџиќ му ги кажа овие драматични зборови на својот адвокат Горан Петронијевиќ, бидејќи со месеци трпи огромна психичка и физичка тортура во британскиот затвор на островот Вајт.