Каранфилова-Пановска: Власта прави упад во правната држава

Власта не прави никакви реформи, тоа што се случуваше во Собранието со интерпелацијата на дел од Судскиот совет за СДСМ и за целата демократска јавност претставува упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска

Власта не прави никакви реформи, тоа што се случуваше во Собранието со интерпелацијата на дел од Судскиот совет за СДСМ и за целата демократска јавност претставува упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска во вестите на Сител.

Каранфилова Пановска нагласи дека ваквата постапка на извршната власт и на владеачкото мнозинство во Собранието, не претставува ништо друго, освен кршење на уставните начела на владеење на правото и на поделба на власта, а дополнително постапката да 5 членови на судскиот совет, за кои беше поднесена и изгласана интерпелација претставува дискириминација во однос на другите осум членови на Судскиот совет.

Заменик претседателката потенцираше дека владеачкото мнозинство, ДПМНЕ и Мицкоски не прават никаква реформа во правосудсниот систем, единствено што прават го уриваат уставниот поредок и правната држава.

-Ако вели владата дека прави реформи, јас би ги прашала, зошто на интерелацијата во парламентот не се најде министерот за правда кој ги има истите права и одговорности во рамките на судскиот совет, а за чие членување во судскиот совет токму оценската мисија на ЕУ е онаа која прва забележува дека министерот за правда не треба да биде дел од судкиот совет, рече Каранфилова Пановска.

Таков тип на мешање на законодавната, а денеска со изјавата на заменик министерот за правда, мешање и на извршната власт директно во работата на Судскиот совет, не покажува ништо друго, освен притисок врз судиите и инсталирање на партиски послушници, додаде таа.

-Не ни е така далеку паметењето, кога имавме судии и судски систем, во којшто се нарачуваа и пресуди, се нарачуваа и процеси.  Ова не е ништо друго освен амбиција, притисок, врз членовите на судскиот совет и целото судство со идеја таму да се инсталираат партиски послушници, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска во интервјуто за Сител Телевизија.