Полицијата во Италија презеде мерки на претпазливост против 59 наводни соучесници на неаполската мафија „Камора“, јавуваат локалните медиуми.
Приведени се 36 лица, на 16 им е одреден домашен притвор, а на 7 лица им е изречена забрана за вршење дејност. Покрај тоа, истражителите запленија различни имоти во вредност од околу 150 милиони евра.
Уапсените се сомничат за изнуда, перење пари, измама, корупција, недозволено поседување огнено оружје и други кривични дела.
„Камора“ се смета за најбрутална од сите италијански мафијашки групи.