Во писмо објавено на социјалните мрежи, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и француските триколори – Ерик Кантона (56) вели дека нема да го следи Светското првенство во фудбал во Катар, што почнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.
„Да бидеме искрени со себе! Ова Светско првенство нема смисла! Уште полошо, тоа е отстапување од нормалното“ – вели поранешниот напаѓач (56), кој ги осудува илјадниците смртни случаи и лудилото на климатизираните стадиони на овој „голем маскенбал“, чие единствено значење се парите.
Кантона тврди дека нема „да го интересира“ тоа што ќе направи репрезентацијата на Франција таму, притоа признавајќи дека оваа одлука го чини.
„Од кога бев дете, тоа беше настан што го сакам. Понекогаш во животот мораме да носиме одлуки, дури и ако тоа не чини“ – пишува Кантона.