Канада ќе и помага на Европа да не зависи од руската нафта и гас
Од Канада стигна соопштение дека можат да обезбедат повеќе нафта, гас и ураниум за да помогнат во решавањето на глобалната енергетска криза, јави „Би-Би-Си“.
Според информациите, канадскиот министер за природни ресурси Џонатан Вилкинсон изјавил дека многу земји се посветени „да помогнат колку што можеме во однос на надоместувањето на руската нафта и гас“.
Канада, земја која е четвртиот најголем производител на нафта во светот се обврза да извезе дополнителни 200.000 барели нафта.
Од најголемата компанија за гасоводи во земјата „Енбриџ“ изјавија дека се подготвени да направат „се што е можно за да ја зголеми енергетската безбедност и за Северна Америка, но и за Европа“.