Канада ја одобри новата верзија на вакцина против Ковид

Канадските власти денеска ја одобрија ажурираната верзија на вакцината на Модерна која цели на нови видови на коронавирус.

Надлежните најавија дека го проценуваат одобрувањето и на други вакцини против корона вирусот, бидејќи се зголемува бројот на заразени.

Американските власти во понеделникот ги одобрија ажурираните верзии на вакцините Pfizer и Moderna, кои се подобро прилагодени на варијантите на корона вирусот во моментов во оптек.

„Сите ние би сакале корона вирусот повеќе да не постои. Но, луѓето сè уште го добиваат вирусот, така што вакцинацијата останува еден од најефикасните начини за заштита од сериозните последици на болеста“, велат канадските власти.