Бизнисменот Јордан Камчев доцна попладнево го напушти истражниот затвор „Скопје“ во скопско Шуто Оризари каде што беше во притвор речиси една година, осомничен во случајот„Плацеви на Водно“.
Првоосомничен во тој случај е екс-премиерот Никола Груевски и неговиот братучед, Сашо Мијалков, кој деновиве, исто така, беше пуштен од притвор.
Апелацискиот суд вчера ја прифатил понудената гаранцијата од безмалку 11 милиони евра со што Камчев ќе се брани од слобода.
За новогодишните празници Камчев беше на лекување во неговата болница „Систина“ – хоспитализиран бидејќи не бил во добра здравствена состојба,
Вечерва ТВ Клан го сними излегувањето на Камчев од затворот.