Парите кои ги дал за да се спаси од затвор (притвор) во случајот „Империја“, бизнисменот Јордан Камчев си ги бара назад. Се работи за 1,5 милиони евра, а тој во граѓанска постапка ги тужи Владата, републичкото Обвинителство, но и Катица Јанева, односно Бојан Јоановски – Боки 13.
Единствено Камчев се откажал од побарување на пари од Зоран Милевски – Кичеец.
Помина и пресудата, обвинетите за „Рекет“ се во затвор, сеуште непознаница е каде заврши фамозната „Луј Витон“ торба за која Камчев тврди дека ја наполниле со 1,5 милион евра.