Кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“ претставена во Прилеп

Во рамките на кампањата на МВР и на Македонскиот полициски синдикат„ МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, денеска на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во центарот на Прилеп, полициски службеници од прилепската полициска станица спроведоа активност“.

На граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а полициските службеници на граѓаните им ги презентираа и им ги објаснуваа полицискoто работење и градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните.

На најмалите, дечињата, во присуство на нивните родители, им беа презентирани опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење.